ВИДЕО: Дарко Андонов ДААН со нова динамична песна во модерен диско ритам
Дарко Андонов а.к.а ДААН во вторникот на 30ти Јули го промовираше својот најнов сингл и lyrics видео за песната “СУДЕНА”.
Како што вели Дарко песната е во модерен и динамичен диско ритам кој ги следи најновите трендови во популарната музика и се надева дека ќе привлече внимание и ќе допре до слушателите.
Текстот на песната е дело на Миле Наумовски и како што кажува и самиот наслов се работи за судена односно несудена љубов, зависно од тоа кој како ќе се пронајде во песната и опфаќа интересни моменти од секојдневието во една врска каде треба да се тргнат на страна суетите и егоизамот за да се успее на љубовен план и да се најде баланс во една врска.
Како автор на музиката се појавува самиот Дарко Андонов заедно со Миле Наумовски, додека за аранжманот се погрижи исто така Дарко и неговиот долгогодишен соработник Кире Јакимов кој исто така го работеше миксингот и мастернигот за финалниот продукт да звучи вака добро.
Инспирацијата за музиката и аранжманот на песната како што вели Дарко се црпени од најновите музички трендови, каде доминира модерен и специфичен ритам, во овој случај во диско стил, надополнет со интересна мелодиска линија.
Песната е снимена во студиото на Дарко Андонов, DAAN MUSIC PRODUCTION кое е лоцирано во Скопје.
Во однос на видеото за песната овој пат решив да одиме со нешто поразлично, односно да направиме едно Lyrics видео и да дадеме акцент на самата песна. Lyrics видеото го работев сам, некако барав нов предизвик да видам како би се снашол и во видео продукција така што излезе еден интересен проект.
За крај Дарко во однос на неговите идни планови ни најавува дека работи на доста нови проекти како на авторски план така и како артист. Исто така ни открива дека следуваат и соработки со други артисти, соло прокети како и нови композиции во изведба на млади и талентирани вокали.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа