ВИДЕО: Даде гол па опцу пред камера- се извини, но сега е соопштена и казната за Несторовски

 

Напаѓачот на Удинезе, Илија Несторовски го постигна својот јубилеен 10-ти гол во репрезентацијата во синиќешната победа против Лихтенштајн и тоа со капитенската лента на себе, но наместо да се израдува тој ја разочара македонската јавност откако опцу на камерата.

Не се знаеше во прв момент кон кого беа навредливите зборови, но познато е дека тој беше на удар на јавноста и социјалните мрежи после слабата игра во последните неколку натпревари, особено на последниот натпревар против Романија во Букурешт.

Откако потегот предизвика многу негативни коментари кон фудбалерот, тој се обрати и објасни кого навредувал.

 

 

„Навредата беше наменета за 3 личности кои 3 дена ми се закануваат и ме навредуваат мене и мојата фамилија. Тие добро знаат кои се“, објави Несторовски на својот Инстаграм профил.

Иако на пресконференцијата Селеторот Игор Ангеловски не сакаше да го коментира потегот, тој денеска одлучи сепак да не го поведе Илија Несторовски на мечот во Германија како казна за непристојниот гест.

- Најнапред драго ми е што се извини и што даде свое објаснување зошто го направил тоа, но такво однесување од репрезентативец не може да помине несанкционирано, затоа е ослободен од обврските за следниот натпревар со Германија“, изјави селекторот Ангеловски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.03.2021 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега