Вајт: Јавниот ред во Газа е нарушен, се краде брашно, луѓето се обидуваат да преживеат

 

 

Поради нарушување на јавниот ред и мир, четири центри за дистрибуција на помош на ОН во Газа, како и еден магацин, не работат додека очајни луѓе бараат храна и вода, изјави во понеделникот официјален претставник на Палестинската агенција на ОН за бегалци (УНРВА).

Том Вајт, шеф на УНРВА во Газа, исто така, рече дека работата на нивната база на граничниот премин Рафа, кој е од витално значење за дистрибуцијата на помош бидејќи засолнува 8.000 луѓе, станува сè потешка.

„Со нарушувањето на јавниот ред, секој ден имаме стотици луѓе кои се обидуваат да влезат во магацините за да украдат брашно“, изјави тој за Ројтерс.

„Луѓето се обидуваат да преживеат. Важно е да се добие доволно брашно и доволно вода“, додаде тој.

Илјадници жители на Газа упаднаа во магацините на ОН во неделата за да земат брашно и други предмети.

Во Деир ал-Балах во централна Газа е еден од магацините каде што УНРВА складира залихи доставени од хуманитарни конвои од Египет.

„Всушност го загубивме Деир ал-Балах. Ќе видиме дали можеме повторно да го пуштиме во функција, но секако дека е комплицирано затоа што во моментов логистичката база Рафах стана магнет за луѓето кои бараат засолниште и бараат заштита под знаме на ОН или се обидува да влезе во магацините за брашно“, рече Вајт.

Помошта за Газа е попречена откако Израел почна да ја бомбардира палестинската енклава како одговор на нападот на милитантната група Хамас на 7 октомври во кој загинаа 1.400 луѓе.

30.10.2023 - 19:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега