Уживајте во денешното сонце од утре разладување и дожд


Сончево и топло време ќе преовладува до утре попладне, кога ќе започне да се зголемува облачноста, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Се очекува денешната минимална температура да биде во интервал од 7 до 16, а максималната да достигне од 26 до 32 степена.

Во Скопје, се очекува сончево и топло време со слаб ветер од југоисточен правец. Најавено е минималната температура да се спушти до 12, а максималната да достигне до 31 степен.

Според синоптичарите, в недела ќе има поголема промена на времето со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Се најавува да дува засилен северен ветер, што ќе продолжи и в понеделник, кога се очекува да предизвика значителен пад на температурата - за 8 до 10 степени.

27.09.2024 - 09:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега