Ужас: Дедо сексуално ја злоставувал својата малолетна внука цели шест години
79-годишен маж е обвинет за низа кривични дела извршени над неговата малолетна внука.
Се се одвивало во период од шест години во куќа во сплитско-далматинската општина, пишува „Index.hr“.
Мажот се товари за тешко кривично дело сексуална злоупотреба и експлоатација на дете, сексуална злоупотреба на дете кое не наполнило петнаесет години, тешко кривично дело против полова слобода и развратни дејствија.
Во обвинителниот акт се наведува дека горенаведените кривични дела пријавениот ги извршил од неутврден ден во мај 2012 година до 28.06.2015 година, а потоа од 29.06.2015 година до 06.05.2018 година.
По завршувањето на истрагата, Вишото јавно обвинителство во Сплит пред Општинскиот суд во Сплит поднесе обвинителен акт против 79-годишен хрватски државјанин.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа