Утрово измерени минусни темеператури: УХМР со детали каде беше најстудено

 


Најниска температура, од минус три степени утрово е измерена во Берово, а највисока 8 степени Целзиусови се измерени во Велес и Тополчани.

УХМР информира дека во Лазарополе утринската температура била 0 степени, 2 во Струмица, Попова Шапка и Маврови Анови, 3 во Битола, Тетово и Демир Капија, 4 во Штип, Крива Паланка и Прилеп, 5 во Крушево, 6 во Охрид, Виница и Пожаране и 7 во Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија.

Во текот на ноќта беше претежно ведро, понекаде со слаб променлив ветер. Утринава во дел од котлините има појава на слаба магла и ниска облачност.

Денеска преку денот ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје, како што најави УХМР,  наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла, а преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој во делови од котлината краткотрајно ќе засилува.

Максималната температура ќе достигне до 23 степени. 

31.10.2024 - 09:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега