Уште шест милијарди долари за војската: британскиот премиер најави зголемување на буџетот за одбраната

 

 

Британскиот премиер Риши Сунак најави зголемување на буџетот за одбрана за шест милијарди долари во следните две години како одговор на рускиот напад врз Украина и предизвикот од активностите на Кина.

Сунак изјави дека Велика Британија долгорочно ќе ги подигне средствата за армијата на ниво од 2,5 отсто од домашниот бруто-производ (БДП) наспроти сегашните нешто повеќе од два отсто.

Армијата бара воениот буџет да биде три проценти од БДП, според АП.

Дополнителните средства ќе бидат искористени за надополнување на резервите на муниција, исцрпени поради помошта за Киев, како и за договор со Соединетите Американски Држави и Австралија за изградба на атомски подморници.

13.03.2023 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега