Уште помалку од 70 дена пред Ковачевски да си поднесе оставка

 

Премиерот Ковачевски има мандат уште помалку од 70 дена. Доколку парламентарните избори се одржат на 8 мај, тоа значи дека техничката влада ќе мора да биде формирана 100 дена претходно, односно на 29 јануари. Имајќи предвид дека за да има време да се заврши целата процедура која подразбира неколкудневна собраниска седница и гласање на сите министри, бидејќи кога премиерот ќе си поднесе оставка, во оставка е целата Влада, потребни ќе бидат уште неколку дена што значи дека мандатот на Ковачевски дополнително ќе се скрати односно тој во најголемата канцеларија на Илинденска ќе остане уште помалку од два месеци.
Ковачевски утрово рече дека во мај има доволно време за да се организираат изборните процеси во редовниот термин што на некој начин е прифаќање на понудата за избори во еден термин имајќи предвид дека 8 мај е единствениот заеднички термин за избори.
Претходно, со овој термин се согласија и во ВМРО-ДПМНЕ и во ДУИ но и во останатите помали партии, пред се во албанскиот политички блок.

20.11.2023 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега