Унгарската претседателка му се спротивстави на Орбан, иако се од иста партија таа стави вето на хомофобниот закон

 

 

Унгарската претседателка Каталин Новак го отфрли новиот закон со кој се ограничуваат правата на хомосексуалците и трансродовите лица. Меѓу другото, законот предвидува граѓаните анонимно да пријавуваат истополови парови кои заедно одгледуваат деца.

Контроверзниот закон беше одобрен во парламентот претходно овој месец со гласовите на владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан. Законот е составен од одредби за заштита на граѓаните кои сакаат да пријават недостатоци и прекршоци во институциите и фирмите, а содржи дел кој им овозможува на луѓето да ги осудуваат сограѓаните од идеолошки причини.

Ова може да се направи, на пример, ако некој ги доведува во прашање традиционалните родови улоги и семејните идеали содржани во уставот или правото на детето на „родов идентитет при раѓање“. Тоа значи дека, според законот, истополовите парови кои заедно воспитуваат деца можат да бидат пријавени анонимно.

Но, законскиот текст не е во согласност со директивите на Европската унија, кои треба да ги заштитат свиркачите во институциите и компаниите, напиша Новак во писмото до парламентот, кое беше објавено во петокот вечерта во Будимпешта.

Ова е првпат за време на раководството на десничарскиот популист Орбан шефот на државата да се спротивстави на закон кој е многу важен за него. Новак, како и нејзините претходници од 2010 година, исто така е член на владејачката партија.

Под владеењето на Орбан, парламентот веќе донесе неколку закони кои ги ограничуваат правата на хомосексуалците и трансродовите лица. Во амандманот на уставот, на пример, сега стои дека „таткото е маж, а мајката е жена“.

Ветото значи дека парламентот сега мора повторно да преговара за законот. Но, може повторно да го донесе во непроменета верзија, а претседателот не може повторно да стави вето.

23.04.2023 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега