Украле автомобил и извршиле неколку кражби од повеќе возила, полицијата приведе четири лица


Утрово во 06.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје ги лишиле од слобода К.Д.(18) од Кавадарци, Т.И.(18) од Скопје и двајца малолетници од Скопје.

Тие се сомничат дека претходно одзеле патничко возило „југо“ и извршиле „тешки кражби“ во повеќе возила на подрачјето на општина Аеродром, при што одзеле повеќе предмети.

Возилото и одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

12.04.2024 - 15:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега