Украински обвинител: Висока руска командантка осомничена за напад на болница во Киев
Украинскиот државен обвинител Андриј Костин денеска изјави дека висока командантка на руските воздухопловни сили е осомничена за ракетен напад врз детска болница во центарот на Киев во јули кога загинаа две лица, а беше причинета голема материјална штета.
Костин не го наведе името на осомничената, но рече дека Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг веќе има издадено налог за нејзино апсење, пренесува „Ројтерс“. Во март МКС издаде налог за апсење на Сергеј Кобилаш, во кој се наведува дека тој е командант на руските сили со долг дострел, потсетува британската агенција.
МКС тогаш објави дека Кобилас е осомничен за воени злосторства, вклучително и наредба за напади врз украинскиот енергетски систем.
„Ја продолжуваме истрагата за да најдеме други лица одговорни за нападот на (главната детска болница во Киев) ‘Окмадит’“, им рече Костин на новинарите додека обвинителот на МКС, Карим Кан, кој е во посета на Киев, стоеше до него. Според Костин, командантот наредил ламсирање на крстосувачката ракета „Кх-101“ од руски бомбардер на 8 јули во 10.45 часот.
Како што додаде Кан, разни извори посочија дека ракетата „Кх-101“ е идентификувана, но истрагата сѐ уште е во тек. Русија негира дека извршила воени злосторства во Украина и нагласува дека не гаѓа во цивили.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа