Украинка за секојдневните бомбардирања: „Одам да спијам и не знам дали ќе се разбудам утре“

 

 

Русија рано утринава погоди неколку украински региони, вклучително и главниот град Киев, црноморското пристаниште Одеса и вториот по големина град Харков, предизвикувајќи прекин на електричната енергија.

Додека руските сили се обидуваа да го заземат Бахмут, Костјантиновка, еден од соседните градови, беше под постојано бомбардирање.

Русија најмногу ја таргетираше енергетската инфраструктура, но украинските власти соопштија дека биле погодени и станбени згради.

„Одам во кревет и не знам дали ќе се разбудам следниот ден“, изјави жителката на Костјантиновка, Олга Бабашкина (63) за АП.

Повеќе експлозии беа пријавени во северниот град Чернихив и во западниот регион Лавов, како и во градовите Днипро, Луцк и Ривне.

Украинските медиуми јавија и за експлозии во западните региони Ивано-Франковск и Тернопил.

09.03.2023 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега