УХМР со најнова прогноза: Еве какво ќе биде времето до недела

Времето утре претпладне ќе биде променливо облачно, во северозападните делови со услови за краткотраен локален дожд. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од западен правец.

Во Скопје претпладне променливо облачно, попладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен правец.

До крајот на неделава времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, освен во четврток, кога ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Дневните температури до четврток ќе опаднат за неколку степени, а потоа ќе бидат во пораст, особено во деновите од викендот.

01.04.2024 - 23:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега