УЕФА ќе ги избрка Јувентус и Реал- денес историска одлука која може да го промени фудбалот

 

Челната организацијата на европскиот фудбал, УЕФА, заседава денеска.

Се шпекулира дека може да следат драконски казни за Реал и Јувентус, водачите на бунтот.

Според шпанските медиуми, една од идеите е Реал веднаш да биде елиминиран без борба во полуфиналето од Лигата на шампионите, но ќе биде тешко да се добие поддршка за оваа идеја бидејќи со тоа регуларноста на натпреварувањето би била нарушена.

Друга, поверојатна опција е бунтовниците и целиот проект, Реал и Јувентус да бидат избркани од Европа на една година.

Навистина е тешко да се замисли каков удар би имал овие два клуба во финансиска и во која било друга смисла.

Се шпекулира дека претседателот на УЕФА, Александар Чеферин е понаклонет кон оваа втора опција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2021 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега