Ударна вест во Босна и Херцеговина: Градоначалник во притвор победи на локалните избори
Ударна вест доаѓа од Босна и Херцеговина.
Ибро Берило, градоначалник на општина Трново, кој се соочува со обвиненија за системска корупција и е во притвор, неочекувано победи на локалните избори.
Берило, кандидат на Партијата за демократска акција (СДА), од затворската ќелија успеа да обезбеди голема поддршка од граѓаните на Трново. Оваа победа ја потврдува длабоката политичка криза со која се соочува БиХ и укажува на сериозни проблеми во изборниот систем.
Многу аналитичари оваа победа ја гледаат како потврда на вкоренетата корупција и слабостите на институциите во Босна и Херцеговина. Граѓаните на Трново со овој избор испратија јасна порака, но останува да се види какви ќе бидат последиците од овој избор за општината и за целата земја.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа