Убиена жена во крвавиот напад на Хезболах: ИДФ подигна авиони, почнаа ракетни напади

 

Жена припадничка на израелската армија (ИДФ) е убиена откако воена база на северот на Израел била погодена од ракета истрелана од Либан, соопшти ИДФ.

Омер Сара Бeнџо (20) била припадничка на единицата за борбено собирање разузнавачки информации на 91-та дивизија.

Во соопштението на израелската армија се наведува дека наредникот Омер Сара Бенџо (20) е убиенa „како резултат на ракетен напад од либанска територија врз база во северен Израел“.

Резервист на Управата за компјутерски услуги е тешко ранет, а уште неколку војници се полесно повредени во ракетниот напад.

– Борбени авиони започнаа опсежен бран напади на либанска територија, изјави портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел Хагари, пренесува Би-би-си.

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир изјави дека денешниот ракетен напад врз седиштето на базата на Северната команда во градот Сафед на северот на земјата значи војна.

Либанската армија соопшти дека најмалку четири лица загинале во денешните израелски воздушни напади во јужен Либан.

Либанските медиуми објавија дека биле погодени неколку цели во јужен Либан, без да ги прецизираат точните цели.

14.02.2024 - 22:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега