Убиен командантот за воздушни операции на Хамас во Газа
Израелските воздухопловни сили убиле висок воен функционер на палестинскиот исламистички Хамас, соопшти денеска портпаролот на израелската армија.
-За време на операција на воздухопловните сили во последните 24 часа беа погодени командните бази на терористичката организација Хамас. За време на оваа операција, беше убиен Мурад Абу Мурад, шеф на воздушните операции на Хамас во градот Газа, одговорен за голем дел од смртоносната офанзива почната во саботата, рече армискиот портпарол.
Пред една недела Хамас го почна својот невиден напад врз Израел. Повеќе од 1.200 лица беа убиени, што го натера Израел да изврши одмазднички воздушни напади врз Појасот Газа во кои досега загинаа 1.900, а стотици илјади се раселени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа