Убиецот од САД се уште во бегство: Пронајдена порака во неговиот дом
Продолжува потрагата по напаѓачот кој уби најмалку 18 и рани 13 лица во масовно пукање што се случи во куглана и бар во градот Левистон во американската сојузна држава Мејн. Ова е најсмртоносното масовно пукање во САД оваа година, според тамошните медиуми.
Канцеларијата на шерифот на округот Андроскогин објави две фотографии од осомничениот на Фејсбук, велејќи дека тој е во бегство. Се бара помош од јавноста за да се идентификува осомничениот на сликата, брадест маж во кошула со долги ракави и фармерки кој држи пушка. Во моментов околу 350 полицајци трагаат по убиецот.
Роберт Кард, осомничениот за масакрот, е обучен инструктор за огнено оружје и армиски резервист. Поранешните колеги го опишуваат како одличен стрелец. Пушката со која е извршен масакрот е легално купена.
Семејството на Роберт Кардо изјави дека тој неодамна почнал да тврди дека слуша гласови во кугланата и барот, односно дека луѓето од тие места зборуваат за него. Го повикаа да им се предаде на властите. За нападот зборуваше и американскиот претседател Џо Бајден, кој повика на забрана за оружје.
Вчера била пронајдена и порака при претрес во домот на Роберт Кард, објави „NBC“.
Инспекторите сè уште се обидуваат да го утврдат значењето на пораката и како таа потенцијално би можела да помогне во нивното пребарување, додава „NBC“. Тие не открија повеќе детали за белешката, пренесува „Индекс“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа