Уапсен маж во Германија: Намерно активирал експлозија во стан, дома му нашле женско тело

 

Дванаесет полицајци и пожарникари се повредени денеска во експлозијата во станбена зграда во градот Ратинген во западна Германија, соопшти полицијата.

Полицијата и пожарникарите биле повикани на помош за немоќно лице, а кога пристигнале на вратата од станот одекнала експлозија.

Некои од повредените пожарникари и полицајци се со тешки повреди, а лекарите се борат за нивниот живот. Специјалци упаднале во станот каде одекнала експлозијата и уапсиле 60-годишен маж кој е осомничен дека намерно го активирал експлозивот при што беа повредени пожарникарите и полицајците. Регионалниот министер за внатрешни работи објави дека зад нападот стои маж кој бил следбеник на терории на заговор и спаѓа во кругот на луѓе кои го негирале коронавирусот.

Во станот е пронајдено и женско тело, а полицијата се обидува да го утврди нејзиниот идентитет.

11.05.2023 - 21:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега