Трудо во ненадејна посета на Киев

 

 

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска беше во ненадејна посета на Киев, објави канадската ТВ станица CBC.

Заедно со Трудо, во посета на Украина е и канадската министерка за финансии, Кристиа Фриланд.

Трудо положи венец на меморијалниот ѕид на украинските војници кои загинаа во судирите со проруските сили од 2014 година, пишува „Ројтерс“.

Се очекува канадскиот премиер да се сретне со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, како и да ја потврди поддршката на Отава за властите во Киев.

Членката на НАТО, Канада, која ја има една од најголемите украински дијаспори, обезбеди воена и финансиска помош за Украина за време на војната со Русија.

Ова е втора посета на канадскиот премиер на Украина од почетокот на руската воена интервенција во февруари 2022 година. Тој последен пат го посети Киев во мај минатата година, според ТАСС.

10.06.2023 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега