Трипуновски на теренска посета во Тиквешијата, досега откупени 30 милиони килограми винско грозје

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска соопшти дека досега се откупени 30 милиони килограми винско грозје.

Трипуновски, кој со директорот на Државниот земјоделски инспекторат Васе Анакиев беше во теренска посета во Тиквешијата, истакна дека од информациите што досега ги има, откупот се одвива солидно, без поголеми забелешки од страна на лозарите и винарските визби. 

-Досега, согласно податоците на Земјоделскиот инспекторат, се откупени околу 30 милиони килограми. Сметаме дека наредниве десетина дена можеби ќе заврши најголем дел од бербата кај лозарите, а она што го договоривме пред почетокот на бербата гледаме дека се почитува, изјави Трипуновски.

Тој посочи дека дел од винарските визби дури даваат плус од тоа што е веќе е договорено, зашто винското грозје од оваа реколта има одличен квалитет.

Трипуновски посети лозари за директно да види како тече бербата, а потоа продолжи по откупните пунктови за да направи увид во делот на откупот. 

31.08.2024 - 13:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега