Три европски града во иднина ќе наплаќаат туристички такси

 

 

Венеција, Валенсија и Барселона ќе воведат нови туристички даноци во 2023 година, потег за кој некои туристички организации предупредуваат дека може да ѝ наштети на туристичката индустрија.

Воведувањето на туристичката такса е обид да се ограничи прекумерниот туризам, пренесува „Еуроактив“ на српски.

Стапката, наречена Европски систем за информации и овластување за патување, ќе важи за оние што ќе ја посетат шенген-зоната од ноември оваа година. Сите туристи што не се членки на ЕУ ќе треба да платат 7 евра за безвизен влез – и тоа ќе треба да се обновува на секои три години.

Сè поголем број шпански региони наплаќаат и за секоја ноќ помината во хотелско сместување, а Валенсија ќе воведе сосема нова туристичка такса на крајот на годината. Барселона, главниот град на Каталонија, веќе има во сила данок за посетители, но тој ќе се зголеми оваа година. Претседателот на провинцискиот совет на Малага, Франциско Саладо, се изјасни против данокот на ЕУ и рече дека туризмот е економскиот мотор на Малага и Андалузија и го критикува потенцијалниот данок.

Како што рече, тоа може да биде голем проблем за Шпанија. Други градови во Европа веќе имаат ноќни такси за посетители, како Прага, Берлин, Хамбург, Будимпешта и Амстердам, пренесува „Танјуг“.

28.02.2023 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега