Три часа до еутаназија, а две кучиња се прегрнале и чекале: Морав да ги спасам

 

Тие кучиња не знаат зошто се ставени во кафез. Не знаат ниту кога ќе излезат, но знаат дека никој не ги сака. Ги гледаат луѓето како минуваат покрај нив и се незаинтересирани, пишува едно американско здружение за спас на животни.

Според законите во САД, во зависност од сојузната држава, кучињата скитници завршуваат на еутаназија ако никој не сака да ги вдови.

Тажната судбина ја чекала и 11-месечната Кала, но и четири месеци повозрасната „цимерка“ Кеира, а на три часа пред еутаназијата една волонтерка објавила слика од кучињата како се прегрнале.

Фотографијта ја забележала една друга жена и веднаш сакала да ги вдоми кучињата.

„Тие и понатаму се прегрнати. Уживаат во слободата и постојано се гушкаат“, открива жената.

13.05.2022 - 23:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега