Тревога во поголемиот дел од Украина, Полска и НАТО подигнуваат борбени авиони


Во раните утрински часови, воздухопловните сили на Украина прогласија, дури и во најзападните региони.

Експлозии се слушнале во украинскиот град Харков уште во пет часот наутро, изјави градоначалникот Игор Терехов преку апликацијата за пораки Телеграм, како и во регионот Запорожје, според гувернерот Иван Федоров, кој исто така известуваше на Телеграм.

Гувернерот на западниот регион Лавов, Максим Козицки, на Телеграм изјави дека одбраната работи во областа.

Украинскиот министер за енергетика Херман Халушченко изјави на Телеграма дека нападите биле насочени кон капацитети за производство и дистрибуција на електрична енергија во регионите Харков, Запорожје, Лавов и Киев.

Во регионот Харков, повеќе од 200.000 корисници останаа без струја по нападот, а жителите побараа засолниште во метро.

Украинската војска извести дека Русите испратиле беспилотни летала и хиперсонични ракети Кинжал на цели низ земјата и дека истрелуваат ракетни проектили од бомбардери Тупољев Ту-95.

Засега нема извештаи за жртви.

Олег Синегубов, гувернер на регионот Харков, појасни дека Русија користела противвоздушни ракети С-300 во нападот на енергетските капацитети во Харков. Оштетена е и станбена зграда. Поради масовниот напад на Украина, Полска подигна борбени авиони.

11.04.2024 - 10:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега