Тренчевска: Законот дозволува и работа над 48 часа, но никаде не пишува дека работниците на коридорите ќе работат 72 часа

 

 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, посочи дека никаде во законот не пишува дека градежните работници на Коридорот 8 и на Коридорот 10 ќе работат 72 часа откако претходно тоа го посочија од Сојузот на синдикатите.

„Тоа не го пишува во законот, работното време за овие работници е 40 часа со дополнителни најмногу 8 часа во неделата за стратешки приоритети. Се дозволува во текот на периодот што го дозволуваат временските услови и за работа над овие 48 часа, но во законот никаде не пишува дека ќе работат 72 часа. Тоа зависи од временските услови, од процесот на работа и затоа треба да бидеме објективни. Законот предвидува да се почитува 12 часа дневна обврска на работникот да одмора и 12 часа плус 24 часа неделен одмор“, посочи министерката Тренчевска.

Претходно, од Синдикатот рекоа дека најслабата алка во заштитата на правата на работниците, а особено на градежниците, е Трудовиот инспекторат, кој не врши ефикасна контрола врз условите за работа и врз прекувремените часови, кои, според него, се под принуда, а не со доброволна согласност на работниците.

Министерката, меѓу другото, посочи и дека се работи на системско решение за зголемување на минималната плата.

04.07.2023 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега