Тренчевска по сообраќајката: Сите сме во добра состојба

Министерката за труд и социјала, Јована Тренчевска се огласи на социјалната мрежа Фејсбук по сообраќајната несреќа во која учествуваше владината „шкода“ во која таа се превезувала.

Вели дека сите се во добра состојба.

-Попладнево, по завршување на службените активности во мојата родна Струмица, на патот кон Скопје, се случи сообраќајна незгода, по која сакам да ги информирам сите мои најблиски и граѓаните дека сите сме во добра состојба.  Ви благодарам на сите за искрените повици, пораки и загриженост за нашата добросостојба. Вечерва токму пред Бадник и големиот христијански празник Божиќ, чувствувам благодарност што Бог ме чуваше мене и мојот тим. Луѓето со кои го поминувам секој ден, вели Тренчевска.

Инаку, МВР соопшти дека во несреќата учествувала владината „шкода“ во која се превезувала Тренчевска и вработена во нејзиниот кабинет. Второто возило било „фолксваген пасат“ со швајцарски регистарски таблички во кое имало пет лица. Возачот на Тренчевска е повреден во несреќата.

05.01.2024 - 22:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега