Тренчевска на кафе со македонскиот амбасадор во Црна Гора
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на социјалната мрежа Фејсбук откри дека кога пристигнала во Црна Гора, била топло пречекана од нејзиниот пријател Зеќир Рамчиловиќ, македонскиот амбасадор во Црна Гора.
„Кога пристигнав во Црна Гора бев пречекана со пријателско кафе од страна на Зеќир Рамчиловиќ, амбасадорот на Република Северна Македонија во Црна Гора.
Разговаравме за нашата земја и убавите моменти поминати во рамките на нашата држава, но во голема мера ги посочивме и добрите страни и убавини на Црна Гора.
Вистинско задоволство е да се биде пречекан од стари пријатели и да се разговара на пријатни теми“, напиша министерката Тренчевска во објавата на ФБ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа