Трајчулески: За несреќата во Кочани никој не поднесе оставка, ниту од морални причини
Првите денови после страшната несреќа во Кочани, ниту како јавност, ниту како луѓе не добивме јасна перцепција за истрагата дека е траспарентна и неселективна. Имајќи ги предвид изјавите на премиерот Мицкоски и на министерот за внатрешни работи Тошковски, не се знае дали обвинителството е подредено на министерство или обратно. Фактите се јасни дека ова страшна несреќа се случи во време на оваа влада и факт е дека никој досега не понесе морална одговорност, рече пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната седница посветен на пратенички прашања.
- За несреќата во Кочани никој не поднесе оставка, ниту од морални причини. Дали имам право зборувам за морал? Апсолутно го имам целото право да зборувам за морал. Некогаш треба поднесеме оставка од морални причини. Јас искрено сметам дека кардинална грешка на министерот Панче Тошковски и погрешна политичка процена што не поднесе оставка од морални причини. Пред сè и заради него лично. Факт е дека се создаде перцепција дека имаме селективна правда и разводнување на истрагата. Селективна правда не е правда, разводнувањето на истрагата не може да доведе до правда. И оттука, само правда од првото на законот, а не на политиката, може да ги задоволи донекаде барањата и болката и родителите кој секој ден протестираат. Тие живеат во мал град. Тие точно знаат кој е виновен. Во малите градови сè се знае. Ништо после Кочани нема да биде исто, рече Трајчулески.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа