Трагедија во Србија: Tригодишно дете загина во пожар
Во трагичен начин, денеска, на улицата Живана Паниќ во Железник загина тригодишното момче Е. Б.
Имено, додека малото дете спиело, во куќата од непозната причина избувнал пожар, а со оглед на тоа дека момчето било само, немало начин да се спаси.
Според информациите на српските медиуми, мајката на Е. Б., кога избувнал пожарот, била на пат кон училиштето, каде што ја однела својата деветгодишна ќерка заедно со синот (6). Иако обично го носи тригодишното момче да ја придружува сестра си во образовната институција, овој пат тоа не го направила, туку го оставила да спие.
За трагедијата да биде поголема, како што изјави дедото на момчето што загина во несреќата, на деветгодишното девојче сè уште не му е кажано дека го загубило братот.
„Инаку, девојчето е на училиште, не ни знае дека брат ѝ загинал“, рекол дедото по што во разговорот се вклучила една жена и додала: „Таа е веќе големо девојче, има девет години, ќе разбере што се случило, но не знам како ќе се справи со тоа“.
Таткото на момчето, идентификуван како С. Б. (28), потврдил дека излегол од куќата околу 7.30 часот, а неговиот син Е. Б., останал сам внатре. Противпожарната единица пристигнала предоцна за да го спаси малиот Е. Б. наоѓајќи го неговото безживотно тело. Пожарот ја зафатил бараката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа