Трагедија на прославата на титулата на Атлетико: Загина 14-годишно момче
Прославата на титулата на Атлетико Мадрид се претвори во трагедија откако загина 14-годишно момче.
Тоа се возело во комбе и со главата било излезено надвор за да го вее знамето на клубот, но удрил во бетонски ѕид што било кобно за него.
Од силината на ударот во ѕидот, повредите биле смртоносни, медицинската помош не успеала да го реанимира. Се огласи и Атлетико Мадрид по оваа страшна трагедија.
-Целокупниот колектив во Атлетико Мадрид се чувствува скршен од болка, веста која ја примивме не вознемири ја испраќаме целата наша љубов до семејство – Почивај во мир, гласеше пораката од Атлетико.
Атлетико Мадрид стигна до титула во Шпанија која за нив е 11-та во клупската историја а прва по пауза од п седум години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа