Трагедија го потресе Ротердам: Почина бебе кое било оставено во вжештен автомобил
Трагедија го потресе Ротердам – бебе починало кога останало само во вжештен автомобил.
Случајни минувачи во понеделникот околу 17 часот го забележале детето, кое сè уште било живо во автомобилот. Полицијата го скршила прозорецот за да го спаси детето, но и покрај напорите на итната помош, бебето не преживеало.
Оваа трагедија е уште еден алармантен потсетник за опасностите од оставање на децата во паркирани автомобили, особено во топлите денови. По еден час на сонце, температурата во автомобилот може да надмине 50 степени, што може да биде смртоносно за малите деца.
Набргу по трагедијата, полицијата уапсила маж за кого медиумите пишуваат дека е татко на бебето.
На местото на настанот пристигнале три возила на брзата помош и еден хеликоптер, но и покрај напорите, бебето не преживеало.
„Полицијата го скршила прозорецот за да го спаси детето. Полицајците откриле дека бебето е во многу загрижувачка состојба. Известени се итните служби“, изјави портпаролот на полицијата.
„Болничарите се обиделе да го реанимираат бебето, но не успеале да го вратат во живот“, додал тој.
„Во моментот се истражуваат околностите на трагедијата“, соопшти холандската полиција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа