Траект удри во пристаништето во Неапол, најмалку 29 лица повредени

Траект удри во пристаниште во Неапол на пат од италијанскиот остров Капри, каде што се состануваат дипломатите на Групата седум (Г7).

Во несреќата има најмалку 29 лица повредени.

Здравствените власти соопштија дека повредените се примени во локалните болници, дека повеќето имаат полесни повреди, додека едно лице е во тешка состојба, пренесе Ројтерс.

Не е познато дали некој од повредените учествувал на состанокот на Г7.

 

Локалните медиуми јавија дека до несреќата дошло за време на приклучувањето на траектот, кое било отежнато од силниот ветер.

19.04.2024 - 14:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега