Торнадото во Мисиспи направи пустош, загинаа над 20 лица

 

 

Најмалку 21 лице загина во силно торнадо кое синоќа го погоди Мисисипи. Според Си-Ен-Ен, ветрот откорнал покриви, а илјадници луѓе останале без струја.

Операцијата за пребарување и спасување на исчезнатите во невремето започна откако беше потврдено дека торнадото паднало во Силвер Сити и Ролинг Форк. Еден жител рече дека Силвер Сити е уништен.

„Никогаш не сум видел вакво нешто. Ова беше многу добар мал град, а сега го нема“, изјави жител за „Си-Ен-Ен“.

Најмалку 13 смртни случаи беа пријавени во близина на Џексон, рече Анџела Истон, судски лекар од округот Шарки. Тројца други се мртви, а најмалку две лица се во критична состојба во округот Хемфрис, изјави за Си-Ен-Ен рано утринава директорот за управување со вонредни состојби Ројс Стид.

Во округот Керол, три лица загинаа во еден дом, изјави судскиот совет Марк Стајлс за Си-Ен-Ен, додавајќи дека се чини дека тие загинале во торнадото. Дополнително, две лица загинаа во округот Монро во североисточниот дел на Мисисипи.

Во опустошениот Ролинг Форк, торнадото оштети домови и згради, собори дрвја и пукна далноводи. Торнадото се движело со брзина од 80 километри на час кога го погодило градот нешто по 20 часот, соопшти Националната метеоролошка служба.

Поради силното невреме, луѓето во Алабама, Тенеси и Мисисипи останаа заробени во своите домови без струја. Дрвата ги блокираа патиштата, а куќите беа речиси срамнети со земја.

Истото големо и разорно торнадо беше потврдено и во близина на заедницата Коила, според Националната метеоролошка служба, која издаде предупредување за најопасниот тип на торнадо за Rolling Fork, Silver City и блискиот Angleway.

 

25.03.2023 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа