Топол бран од Африка доаѓа во Македонија - УХМР најавува колку ќе бидат високи температурите
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност. Кон крајот на седмицата ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа