Топлотен бран ја погоди Индија, најмалку 166 починати
166 лица починаа за време на топлотниот бран во Индија, додека многумина се хоспитализирани.
Локалните власти соопштија дека ситуацијата е влошена поради честите прекини на струја.
Во Индија топлотен бран официјално се прогласува ако температурата качи над 45 степени Целзиусови или ако е најмалку 4,5 степени Целзиусови над нормалата за одредената област.
Во Утар Прадеш, држава на северот на Индија, 119 лица го загубија животот заради екстремните горештини, додека околу 47 смртни случаи се регистрирани во соседен Бихар.
Индискиот министер за здравство Брајеш Патак, се огласи дека ќе испита кои се причините за ваквиот број на смртни случаи.
Метеоролошки оддел на Индија сподели дека температурата достигнала 43,5 степени Целзиусови во северна Индија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа