Том Круз и Хејли Атвел на премиерата на „Невозможна мисија 7“ во Абу Даби
Том Круз и неговата гламурозна колешка Хејли Атвел споделија нежност на црвениот тепих за премиерата на „Невозможна мисија: Одмазда – прв дел“ во понеделникот во Абу Даби.
Том (60), за кој се шпекулира дека се зближил со Хејли во текот на снимањето, изгледа елегантно во црн костум, кошула и сребрена вратоврска.
Хејли – која глуми тукушто свршена со Нед Волфганг Кели – го привлече вниманието во прекрасна комбинација од сатен во боја на лимета за нивната голема вечер.
Британско-американската ѕвезда (41) импресионира со отмен стил вреден за комплименти. Горниот дел е во стил на наметка и миди здолниште што ја гушка фигурата.
Вистинска доза елеганција, коментираат медиумите.
Актерката од „Капетан Америка“ го дополни совршениот изглед со конвенционални црни чевли на штикла, кои едвај се гледаа под облеката до подот.
За љубовниот живот на Том не се знае многу, освен некои шпекулации од минатата година кога го поврзуваа со Хејли. Извори блиски до актерите тврдеа дека станале неразделни уште од првиот ден на снимањето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа