„Титаник“ на Апелација: Сите условни казни, за Миле Јанакиески – затвор

 

 

Апелација преиначи дел од казните за обвинетите во предметот „Титаник“, а дел и ги потврди. За Мартин Протуѓер останува условната осуда, за Миле Јанакиески се намалува казната за девет месеци и сега ќе треба да одлежи 3,6 години. Гордана Јанкуловска сега добива условна осуда наместо 2,5 години казна затвор. Мунир Пепиќ исто добива условна осуда наместо една година затвор.

Освен тие што признаа вина, обвинети во „Титаник“ се и поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, ексгенералниот секретар на тогашната влада, Кирил Божиновски, поранешниот пратеник Илија Димовски, некогашниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко, како и уште други 12 обвинети за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

 

04.07.2023 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега