Тинејџер ја уби сестрата за време на расправија за божиќните подароци, а потоа него го застрела постариот брат, хаос во Флорида

 

Двајца браќа од Флорида се уапсени откако еден од нив ја застрелал нивната сестра за време на расправија околу божиќните подароци.

Девојчето (23) било застрелано во градите од нејзиниот брат тинејџер (14) додека го држела својот 10-месечен син.

После тоа, другиот брат (15) го извадил пиштолот и пукал во него. Полицијата соопшти дека до пукањето дошло за време на расправија за божиќните подароци, односно за тоа кој ќе добие повеќе од нив.

Шерифот Боб Гуалтиери им рекол на новинарите дека постариот тинејџер (15) побегнал од местото и го сокрил пиштолот. Помладиот брат (14) е пренесен во болница и е во стабилна состојба, а по исполнување на условите ќе биде преземен од полицијата.

Според првичните информации, расправијата започнала додека браќата пазареле со мајка им, но продолжила во куќата на нивната баба во град во близина на Тампа.

27.12.2023 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега