„Тик-ток“ казнет за злоупотреба на деца во Велика Британија
Канцеларијата на комесарот за информации на Обединетото Кралство денеска објави дека ја казнила популарната социјална мрежа „Тик-ток“, која ќе мора да плати 14,5 милиони евра за повеќекратно прекршување на законот за заштита на податоците во Велика Британија, вклучително и злоупотреба на податоци од деца на возраст под 13 години.
Прекршувањето на законите за заштита на податоците на „Тик-ток“ е забележано помеѓу мај 2018 и јули 2020 година, јавува Би-Би-Си.
ICO проценува дека „Тик-ток“ им дозволил на 1,4 милиони британски деца под 13-годишна возраст да ја користат платформата во 2020 година, кршејќи ги сопствените правила, кои ги спречуваат децата на таа возраст воопшто да отворат сметка.
„Тик-ток“ собираше и користеше лични податоци на деца под 13-годишна возраст кои на прво место не треба да имаат пристап до платформата, рече комесарот на МЦК Џон Едвардс.
Податоците на децата можеле да се користат за нивно следење и составување профили на нивното онлајн однесување, што значи дека тие би можеле да бидат изложени на штетна и несоодветна содржина на интернет, додаде тој.
Неуспесите на „Тик-ток“ можеа да имаат сериозни последици, а казната од 14,5 милиони евра го одразува тој факт, заклучи Едвардс.
Законот за заштита на податоци на Обединетото Кралство бара платформите кои користат лични податоци на деца под 13-годишна возраст да имаат согласност од нивните родители.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа