Тешка сообраќајка во Чаир: Крв на улицата, еден возач однесен во болница

 

Тешка сообраќајка се случи вечерва во Чаир, во близина на стадионот, пишува „Макфакс“.  Во несреќата учествувале автомобил марка „фолксваген“ и моторцикл. Според информациите на „Макфакс“  на асфалтот има траги од крв, а возачот на моторциклот со Брза помош е однесен во болница. На улицата е растечено и масло од моторциклот.

Неофицијално, до несреќата дошло кога автомобилот му го пресекол патот на моторциклот, а тој удрил во левата страна од „фолксвагенот“.

 

26.03.2023 - 22:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега