Тешеира останува во притвор до судењето
Осомничениот за протекување на доверливи документи од Пентагон, 21-годишниот припадникот на американската Национална гарда на воздушните сили, Џек Тешеира вчера беше изведен пред судот под обвинение дека незаконски копирал и задржал доверливи документи.
Тешеира останува во притвор до судењето, а сослушувањето за притвор е закажано на 19 април. Тој е обвинет за незаконско копирање и чување одбранбени разузнавачки податоци, кривично дело за кое може да биде осуден и до 10 години затвор.
Тешеира е обвинет и за друго кривично дело, за свесно преземање на доверливи документи и поставување на неовластена локација.
Доверливите документи Тешеира ги објавуваше на социјалната мрежа Дискорд. Се претпоставува дека тоа е најсериозното нарушување на безбедноста откако повеќе од 700.000 документи, видеа и дипломатски записи беа објавени на Викиликс во 2010 година.
Во случајот со Викиликс, свиркачот Челзи Менинг беше осудена на 35 години затвор. Тогашниот претседател Барак Обама и ја намали казната на седум години. САД сè уште се бараат екстрадиција на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж од Лондон.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа