Таткото на убиеното девојче: „Рибникар“ не падна во заборав, туку работите се туркаат под тепих

 

Бранко Анѓелковиќ, таткото на Мара Анѓелковиќ, девојчето убиено во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, изјави дека не верува оти настанот е заборавен по шест месеци, туку дека некои работи се „метат под тепих“.

„Знаете со се што се соочуваме, испаднавме најлоши на светот, така не нарекуваат некои родители, затоа што бараме правда. Мислам дека работите се туркаат под тепих, одговорноста се префрла од еден на друг“, изјави Анѓелковиќ за N1.

Анѓелковиќ додава дека „медиумите малку се смириле“.

„Не верувам дека падна во заборав, но медиумите малку се смирија. Затоа што најмногу известуваа како монструмот очекува да го прослави роденденот, каква фризура има. Многу е грдо што законот ги штити децата до 14 години, а математиката е едноставна – некој мора да одговара за него . Со овој закон таткото може да добие 12 години.“, вели таткото на убиеното девојче и го изразува своето незадоволство од тоа.

На прашањето на N1 дали некој ги побарал во овие шест месеци, тој вели да, но ретко.

„Да кажам апсолутно не, не можам, но тоа е толку ретко, што тогаш можам да кажам – не, никој не не кани. Имаше некои договори на стартот, но потоа Владата престана да се занимава со тоа, па се префрли на Совет на родители, до синдикатот на наставници што не постоеше 15 години“, рече Анѓелковиќ.

03.11.2023 - 21:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега