Татко и син изгорени до смрт во нелегална трка со автомобили во Германија

 

Двајца мажи, за кои се верува дека се татко и син, изгореле до смрт кога нивното „Порше 911“ се запалило откако излетало од патот во Германија.

Сомнежите, како што пишуваат медиумите во регионот се дека учествувале во нелегална трка со возила кога се случил настанот.

Несреќата се случила во средата вечерта околу 20 часот и 15 минути, кога автомобилот „порше 911 ГТ3“ со голема брзина се движел по автопатот.

На раскрсницата Дортмунд-Уна, возачот (52) се сомничи дека изгубил контрола над спортскиот автомобил вреден 200.000 евра, по што луксузниот автомобил се илизгал неколку стотини метри по тревата и завршил во шума.

Автомобилот веднаш се запалил, а двајцата немале никакви шанси да се спасат.

Тие починале на лице место во автомобилот, а телата биле толку осакатени што полицијата се уште не можела да го утврди нивниот идентитет, пишува „Билд“.

Полицијата сега истражува како дошло до несреќата и зошто возачот изгубил контрола над возилото.

„Постои сомневање дека се работи за нелегална трка со возила“, изјавил за „Билд“ портпаролот на полицијата.

Според информациите на „Билд“, сомнежите се дека возачот влетал на излезот со брзина поголема од 200 км/ч, најверојатно лизгајќи се на нерамнината на патот со своето порше.

Трагите на гумите се протегаат во должина од 250 метри. Ограничувањето на брзината во овој дел е 120 km/h.

Полицијата користела дронови и 3Д скенер за да ја сними несреќата. Патот беше привремено затворен до раните утрински часови.

25.07.2024 - 20:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега