Таравари: Не планираме да излеземе од Владата
Министерот за здравство и еден од лидерите во Коалицијата ВЛЕН која ја сочнуваат четири партии, Арбен Таравари ја повтори оценката дека коалицијата функционира недоволно синхронизирано, и оти очекува тоа да се поправи, но и дека не размислуваат да си заминат од Владата.
„Засега не, и не планираме да излеземе од Владата“, рече Таравари на новинарско прашање на прес-конференција во Министерството за здравство каде информираше за состојбата со лекувањето на пациентите повредени во пожарот во Кочани.
Тој посочи дека на вчерашното гостување во емисија на националниот сервис, кажал дека има едно незадоволство од функционирањето на ВЛЕН кое што се должи, вели, на несинхронизираноста меѓу партиите во Коалицијата која е дел од Владата.
„Тешко е кога е една партија, а камоли кога се четири. Така што ни треба подобра коодинација, оти впечатокот е лош кај народот дека не делуваме како што треба. Има доверба во Владата 70 отсто, а на прашањето колку сте задоволни од ВЛЕН во Владата, е околу 30 и нешто. Мислам дека недостасува таа добра синхронизација. Се надевам дека тоа ќе се поправи во идниот период“, вели Таравари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа