Тања Савиќ: „Заслужувам да имам нова љубов и да бидам среќна!“
Пејачката Тања Савиќ го помина своето детство во родниот град Радинац, село во близина на Смедерево. Пораснала во големо семејство, има брат и сестра, а значајна трага во нејзиното растење оставила нејзината баба, за која била многу приврзана. Никогаш не и недостасувало ништо, научила да ги цени вистинските вредности.
Во интервјуто за 24седам, таа целосно си ја отворила душата и се потсетила на она за што сонувала како дете, како ја прифатиле во општеството, зборувала за сите тешки животни одлуки, децата Максим и Џорџ и нивниот однос со нивниот татко.
На прашањето дали таа може да се види себеси уште еднаш како сакана жена и дали ќе си даде можност да запознае нова љубов таа одговори:
– Апосолутно да. Не губам вера во љубовта. Дадов се од себе да го сочувам тој брак и врската, и не гледам никаде моја грешка. Сметам дека ја заслужувам својата среќа, љубов и верувам дека ќе ми се случи после се што сум поминала. Сето тоа ме направи појака, ми се врати сјајот во очите, насмевката, се прегрнав самата себе.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа