Светска банка: Земјотресите во Турција предизвикаа штета од над 34 милијарди долари
Земјотресот со јачина од 7,8 степени и бројните последователни потреси што ја потресоа јужна Турција од 6 февруари, предизвикаа штета од над 34 милијарди долари, процени денеска Светската банка.
Од таа институција изјавија дека во проценката не се земени предвид трошоците за реконструкција, кои веројатно се двојно повисоки. Исто така, не се земени предвид штетите предизвикани во северниот дел на Сирија, кој, исто беше погоден од земјотресите.
„Оваа катастрофа нè потсетува дека Турција е во област со висока сеизмичка активност и дека е неопходно да се зајакне отпорноста и на приватната и на јавната инфраструктура. Светската банка е посветена на поддршка на напорите на Турција во оваа насока“, се вели во соопштението и се додава дека се уште се во тек проценките за последните последователни земјотреси.
Околу 10.000 последователни потреси се случиле од 6 февруари во Турција, според турската јавна агенција за управување со катастрофи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа