Сведоштво за најновиот земјотрес во Турција: Земјата ни се лизгаше под нозете, се тресевме неверојатно

 

Турската сеизмолошка служба соопшти дека во 20:04 часот по локално време имало земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, чиј епицентар бил во областа Дефне, во Хатај.

Додаваат дека во 20 часот и 7 минути се случил уште еден последователен потрес со јачина од 5,8 степени, чиј епицентар бил областа Самандаг, во Хатај.

Новинарката на Си-Ен-Ен Турк, Бусе Девирен со солзи го опиша земјотресот.

„Земјата ни се лизгаше од под нозете. Се тресевме неверојатно. Беше неверојатно голем земјотрес. Не беше како последователните потреси“, рече таа.

ЕМСЦ известува дека земјотресот бил почувствуван во Турција, Либан, Сирија, Кипар и Израел.

Во разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја потресе истата област на 6 февруари, 41.000 луѓе загинаа во Турција и околу 6.000 во Сирија, а повеќе од еден милион луѓе останаа без покрив над главата.

 

20.02.2023 - 20:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега