Судскиот совет ќе бара начин како да ја врати Дамева на функцијата претседател на Судскиот совет

 

Судскиот совет денес ќе ја разгледува пресудата на Управниот суд со која се поништува одлуката за разрешување на Весна Дамева од функцијата претседател на Судскиот совет.

Советот вчера извести дека кај нив пристигнала пресудата од Управниот суд по која треба да постапат во рок од 30 дена и нема право на жалба.

Дамева беше разрешена од функцијата претседател на Советот во април минатата година. Членови на советот се посомневаа дека го сокрила писмото од американската амбасадорка Анџела Агелер во кое го критикува судството, но јавно не го кажаа тоа и како причина и без соодветно образложение на тензична седница со која претседавањето го презема заменик-претседателот  Селим Адеми, надвор од пропишаните постапки беше изгласано разрешување на Дамева. Таа поднесе тужба до Управниот суд кој минатата недела пресуди во нејзина корист, ја поништи одлуката за незјино разрешување и го задолжи Советот да постапи по пресудата. Судската фела, по оваа пресуда, речиси едногласно искоментира дека Дамева треба да се врати на функцијата претседател, а Судскиот совет треба да најде начин како да изведе тоа оти уште веднаш по разрешувањето на Дамева за претседател го избра Сашко Георгиев кој повеќе од половина година ја извршува функцијата.

03.01.2024 - 09:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега