Судски вештак за РТС: Видеото од Виена многу кажува за лаиците, но на професионалците ништо
Снимката од детето за кое српските медиуми пишуваат дека личи на исчезнатата двегодишна Данка Илиќ е предизвик за истражните органи. Судски вештак, Никола Драговиќ во изјава за РТС појаснува дека дури не секогаш фотографија или видео е цврст доказ, доколку со сигурност не се утврди идентитетот.
Вели дека снимката од Виена на лаиците им кажува се, но на професионалците ништо.
-Можете да видите две црни точки на лицето, тоа се очите, се гледа обликот на главата и косата, а тоа е сосема мало за препознавање лице. Не гледаме никакви контури кои би можеле да го одредат обликот на лицето, нагласува Драговиќ.
Прво се проверува автентичноста на видеото. Она што за нас е точка или едноставна боја на екранот, за експертите може да биде доказ кој го решава случајот.
Фотографот Ѕвездан Манчиќ истакнува дека сенките на фотографијата се многу важни бидејќи можат да ни покажат дали фотографијата е автентична.
-Ако забележиме дека сенките во тоа дело не потекнуваат од ист извор на светлина, можеме да утврдиме некоја разлика, појаснува фотографот Манчиќ.
Секој агол на фотографијата мора да се испита. Дури и делови од сликата што изгледаат не важни можат да бидат клучни. Затоа анализите траат со денови, па и со месеци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа