Судир на оклопни возила во Баварија, седум војници повредени

 

 

Седум војници се повредени во судир на оклопни возила на автопат во Баварија, соопшти денеска германската полиција, пренесуваат светските медиуми.

„Според првите сознанија, седум војници се повредени и пренесени во болница, од кои двајца со спасувачки хеликоптер“, изјави Тобијас Матес од полицијата во Амберг, додавајќи дека еден од војниците е во тешка состојба.

Тој додаде дека воениот конвој се движел по автопатот А6 кога од засега непознати причини се судриле четири оклопни возила. Некои медиуми објавија дека возилата се на американската армија, но германската полиција изјавила дека не е овластена да дава информации за националноста на повредените војници, пренесува АП.

Несреќата се случила околу 10:55 часот по локално време на делот од автопатот меѓу клучките Сулцбах-Розенберг-Амберг-Запад во правец на Чешка, поради што автопатот бил блокиран до доцните попладневни часови, според медиумот.

20.04.2023 - 23:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега